Продолжуваме со реконструкција и изградба на патната инфраструктура во Делчево. Машините од денес работат на реконструкција на ул „Кочо Рацин“ во населбата Милково Брдо.
Согласно со проектот ќе се реконструира подземната инсталација-реконструкција на старата водоводна мрежа и замена на старата инсталација со нова полиетиленска инсталација, а по овие зафати, ќе се реконструира коловозот на улицата во должина од 108 метри кој беше доста оштетен и предизвикуваше големи проблеми на жителите.
Со овој зафат, жителите од улицата, но и сите кои гравитрираат во овој дел на Делчево, ќе добијат современа сообраќајница, поголема безбедност во сообраќајот и современ пристап до своите домови.
Работите ги изведува ОСД Кирил- Штип, вредноста на проектот е 1,8 милиони денари. Средствата се обезбедени од Владата на РМ.

