Филип Ангелов со III награда на Регионалниот натпревар по математика
На 14 март, во просториите на ОСУ „Ацо Русковски“ во Берово, се одржа Регионалниот натпревар по математика за средношколците од источниот регион.
Ученикот Филип Ангелов оствари одличен резултат и освои III награда во силна конкуренција, со што обезбеди директен пласман на Државниот натпревар по математика што ќе се одржи во Скопје.
Од училиштето упатија честитки до ученикот и неговиот ментор за постигнатиот успех и им посакаа успешен настап на државното ниво.


