Прием во кабинетот на градоначалникот Гоцевски: Делчево домаќин на ученици од Тирана во рамки на „Суперучилишта“
Градоначалникот Иван Гоцевски денеска во својот кабинет оствари средба со претставници од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ и со ученици и наставници од партнерските училишта од Тирана, Албанија, кои престојуваат во Делчево во рамки на програмата „Суперучилишта“ – четврти циклус.

Во рамки на проектната размена, во Делчево се реализираат активности со учество на 15 ученици и двајца наставници од средни технички и економски училишта од Тирана. На средбата се разговараше за тековните активности, програмата за престојот и можностите за понатамошна меѓународна соработка.
Градоначалникот истакна дека Општината дава целосна поддршка на ваквите образовни проекти, нагласувајќи дека размената на искуства и регионалната соработка се значаен чекор кон подобри можности за младите и развој на Делчево.


