Пчеларите од Македонска Каменица во понеделник ќе го одбележат патрониот празник Св. Харалампиј

Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ ги повикува сите свои членови и заинтересирани граѓани да учествуваат на традиционалното одбележување на празникот Св. Харалампиј, заштитник на пчеларите.

Настанот е закажан за 23 февруари 2026 година, понеделник. Програмата започнува во 10:00 часот со Света литургија пред храмот Успение на Пресвета Богородица, а во 11:00 часот ќе следува засадување садници кај Рудникот Саса. Во 12:00 часот, веднаш по засадувањето на дрвцата во Рудникот Саса, членовите ќе добијат медоносни садници.

Оваа традиционална активност не само што ја промовира грижата за природата, туку ги зацврстува врските меѓу пчеларите и локалната заедница, поттикнувајќи ја љубовта кон природата и зачувувањето на пчеларската традиција.
A


