Општина Делчево имплементира на нова административнo-дигитална платформа “Смарт Делчево”
Оваа платформа подразбира воведување на нов јавен административен и дигитален систем за поднесување, следење на тек и реализација на предлози, иницијативи и идеи од граѓаните, месните и урбаните заедници и граѓанскиот и бизнис сектор преку кој граѓаните ќе имаат увид на текот на секоја иницијатива/барање/проблем/предлог/идеја.
Платформата ќе биде ускладена со актуелната позитивна законска регулатива, внатрешни процедури, протоколи и постапки за сите функционалности на општина Делчево.
Целта на оваа дигитална јавна интернет алатка е зголемена транспарентност и ефикасност при постапувањето со пријавување, следење и експресно решавање на проблеми од ингеренции на ЕЛС Делчево, ЈКП “Брегалница” Делчево, ТППЕ Делчево, преку која граѓаните ќе може да го следат текот и исходот од решавање на секој пријавен проблем.

Веќе со мојот тим имаме подготвено процесни дејствија за воспоставување на оваа нова платформа која што значително ќе го подобри целокупното работење на општинската администрација и што е најважно ќе обезбеди брзи и ефикасни услуги кон граѓаните и стопанството.
Овој иновативен проект се реализира како дел од мојата Програма за работа која што доби недвосмислена поддршка од граѓаните на локалните избори минатата година.


