Делчевецот Стево Алексовски успешно го искачи Чупино на Winter Vertical 2026
Блатец, 22. Февруари 2026 година – Делчевецот Стево Алексовски денеска успешно го заврши искачувањето на „Chupino Winter Vertical 2026“, планинската трка што се одржа во Блатец. Годинава во знакот на поддршката на иницијативата за стопирање на изградбата на хидроцентрала на реката Блатешница.

Станува збор за патека долга 5,5 километри со искачување од 1000 метри надморска височина – вистински предизвик и за најподготвените учесници.
„Преубави гледки со живописна природа, а на самиот врв – права зима“, изјави Алексовски по завршувањето на искачувањето, опишувајќи ја атмосферата на Чупино, каде спортот и природата повторно се споија во еден силен настан.
Линк до фотогалерија: https://www.facebook.com/share/p/18JHnUVMYj/

