Во Кавадарци отворена изложбата „Часослов“ и промовирана книгата „На иста адреса“
Во Дом на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци беше отворена изложбата „Часослов“, во рамки на која се одржа и сатирична работилница за деца, како и промоција на книгата „На иста адреса“.
Изложбата ја отвори ликовниот уметник Марина Убавкова, која беше и дел од тимот што ја реализираше работилницата заедно со Миле Ѓорѓијоски и Христина Деолска.
Промотор на книгата „На иста адреса“, авторско дело на Деолска и Ѓорѓијоски, беше Далибор Трајков. Дел од стиховите читаа Христина Деолска и Силвија Трајкова, додека афоризмите ги интерпретираше Миле Ѓорѓијоски.




