Советот на Делчево одржа прва седница за дијалог со граѓаните
Денес, 27 февруари 2026 година, во Советот на Општина Делчево се одржа шестата седница, прва во овој мандат посветена исклучиво на прашања и предлози од граѓаните и советниците до носителите на јавни функции.
Граѓаните имаа можност директно да се обратат до Претседателот на Советот, градоначалникот, директорите на средните и основните училишта, ЈКП „Брегалница“, ЈОУ Детска градинка „Весели цветови“, Градската библиотека „Илинден“ и командирот на Територијалната противпожарна единица.
Претседателот на Советот, Николчо Стојменовски истакна дека оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и директна комуникација со граѓаните, додавајќи дека ваквиот отворен дијалог ќе продолжи и во иднина.


