Општина Кочани ја започна реализацијата на проект за безбедност на сообраќајот во Тркање
Во населеното место Тркање започнаа работните активности за проект со кој трајно ќе се реши проблемот со тешки товарни возила. Новото сообраќајно решение ќе ја поврзе населбата Цацков Бунар со алтернативниот пат Кочани – Тркање, овозможувајќи пренасочување на тешкиот товарен сообраќај.
Со ова ќе се намали оптоварувањето низ населеното место, ќе се зголеми безбедноста на жителите и ќе се обезбеди побезбедно исклучување на возилата од компанијата Амфенол. Проектот значи подобра организација на сообраќајот и поквалитетни услови за живот за граѓаните.


