Одржана втора работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација“ во Македонска Каменица

Вчера, во Домот на културата во Македонска Каменица, на 26 февруари 2026 година, се одржа втората работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација – Младински ХАБ ‘Млади исток’“. На настанот присуствуваа околу 20 млади лица од општината, како и претставници на невладини организации и институции.

Проектот има за цел формирање младински хаб кој ќе им обезбеди на младите знаења, менторство и практична поддршка за развој на социјални претпријатија. Целна група се младите од Македонска Каменица, Виница и Делчево.
Во рамки на работилницата, експертот Зоран Биковски одржа обука за менаџирање на социјални претпријатија, развој на бизнис идеи, правни и финансиски аспекти на работењето, социјални иновации, изработка на бизнис план и пристап до фондови и современи извори на финансирање.

Проектот е дел од иницијативата „RAISE CSOs“, имплементирана од Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршка на Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество 2022–2023.


