Хуманитарен концерт во Хилден за поддршка на Кочани во организација на МКЦ “Македонско сонце” од Дизелдорф
Во германскиот град Хилден се одржа хуманитарен концерт за поддршка на Кочани, на кој присуствуваа Македонци од Германија и од повеќе европски земји.
Настанот беше во знак на солидарност и поддршка, а вечерта беше исполнета со настапи на естрадни уметници од Македонија и богата културна програма.
На концертот присуствуваше и директорот на Агенција за иселеништво, Горан Ангелов, кој во своето обраќање ја истакна важноста на единството и улогата на дијаспората во поддршката на татковината. Свое обраќање имаше и конзулот Амон Бајрамовски.
Организатор на настанот беше МКЦ „Македонско сонце“ Дизелдорф, а во програмата настапи и фолклорната секција при друштвото. Концертот ќе биде пренесен и на Македонска радио телевизија и ТВ Алфа.




