Младите од Црвениот крст Делчево реализираа едукативна Escape Room активност
Во рамки на Програмата за работа на Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Делчево успешно беше реализирана интерактивната активност Escape Room „Мисија: Спаси ја хуманоста“.

Преку тимски предизвици и логички задачи, младите волонтери ги продлабочија своите знаења за принципите на Црвениот крст, првата помош и постапувањето во кризни ситуации. Активноста беше организирана како едукативна игра, во која учесниците работеа во тимови и преку соработка стигнуваа до финалната мисија.
Од организацијата информираат дека ваквиот пристап придонесува за развој на тимска работа, комуникациски и лидерски вештини, потврдувајќи дека младинските програми можат да бидат истовремено едукативни и мотивирачки.
Кон фотогалерија кликни ОВДЕ

