Општина Македонска Каменица доделува стипендии за талентирани ученици од основното и средното образование, во согласност со Правилникот за доделување стипендии. Договорите со учениците веќе се потпишани и од страна на градоначалничката Соња Стаменкова. Стипендиите се доделуваат во траење од 10 месеци, во месечен износ од 3.000 денари.
Право на стипендија од основното образование, ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, добија: Марија Стоименовска, Миа Паунова, Ема Димитровска, Викториа Алексовска, Каја Малчовска, Тамара Таскова, Јована Стоиловска, Јана Петровска, Леонид Гоцевски, Јулијана Ивановска и Нела Митевска.
Стипендии за средно образование добија: Марко Милчевски од ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје, како и Михаела Стојковска, Елена Стоименовска, Марио Стефановски, Милена Спиридонова, Евгенија Лазаревска, Матеј Алексовски и Наталија Стојковска од СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ – Македонска Каменица, како и Лука Ивановски од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани.
Со оваа мерка, Општина Македонска Каменица продолжува со поддршката на учениците кои постигнуваат значајни резултати во образованието.


