Одржана седница на Советот за развој на Источниот плански регион
Во Виница се одржа третата седница на Советот за развој на Источен плански регион, на која беа разгледани и усвоени повеќе точки од дневниот ред.
На седницата беше усвоена завршната сметка на Центар за развој на Источен плански регион за 2025 година, како и позитивни мислења за завршните сметки на седум реализирани проекти преку Центарот.
Воедно, беше утврдена и листа на предлог-проекти за развој на регионот, кои ќе конкурираат за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година.


