Успешно реализиран училишниот турнир „Февруари 2026“ во Баскет 3×3 и Одбојка
Во СОУ Миле Јаневски-Џингар беше успешно организиран училишниот турнир „Февруари 2026“ во Баскет 3×3 и Одбојка, во кој учествуваа учениците од сите класови.
Наставниците по спорт и спортски активности, заедно со учениците, создадоа пријатна атмосфера исполнета со дружба, спортски предизвици и убави моменти кои ќе останат во сеќавање.
Настанот, кој мотивира за понатамошни активности од ваков вид, го покажува талентот и заложбата на учениците, а училиштето изрази гордост за нивните постигнувања.
Учениците и наставниците преку турнирот не само што ги развија своите вештини, туку и ја зајакнаа тимската соработка и учествуваа во динамична и инспиративна спортска програма.




