Работилница „Весници на пролетта“ за најмалите во библиотеката „Илинден“ во Делчево
Во ЈЛБ Илинден Делчево се одржа едукативна работилница на тема „Весници на пролетта“, на која учествуваа децата од предшколските групи од Детска градинка Весели цветови.
На работилницата, најмалите се запознаа со првите пролетни цвеќиња – кокиче, лале, качунка, нарцис, игличка, кукурек и темјанушка, кои го најавуваат доаѓањето на пролетта. Преку разговор, учење и креативни активности, децата ја откриваа убавината на природата и радоста што ја носи новото годишно време.

Настанот помина во весела атмосфера исполнета со детски насмевки и љубопитност. Од библиотеката упатија благодарност до децата и нивните воспитувачки Гордана, Бојана, Јадранка, Македонка, Магдалена, Туркијана и Сузана за учеството и соработката.


