Реализираме уште еден инфраструктурен проект, реконструкцијата на ул „Кочо Рацин“ во населбата Милково Брдо.
Согласно со проектот на оваа улица се реконструираше подземната инсталација-реконструкција на старата водоводна мрежа и замена на старата инсталација со нова полиетиленска инсталација, по што се реконструираше и коловозот на улицата во должина од 108 метри.
Улицата која претходно создаваше голем број проблеми на жителите од улицата и поради ископаните дупки беше небезбедна и за возачите и за пешаците, сега веќе имаат современа сообраќајница, поголема безбедност во сообраќајот и современ пристап до своите домови. Вредноста на проектот изнесува 1,8 милиони денари, а работите ги изведуваше ОСД Кирил-Штип.
Реконструкцијата на оваа улица е дел од големиот пакет инфраструктурни проекти финансиски поддржани од Владата на Република Македонија и премиерот Мицкоски.Пакетот кој се инвестира во Делчево тежи 142 мил денари, а неговата реализација се движи со посакувано темпо.
Продолжуваме со градежните зафати за реконструкција и изградба на планираните улици и работиме на изградба на современа патна инфраструктура во Делчево и значително влијаеме на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

