ЛД „М. Каменица – Саса“ гради висока чека и планира нови активности во ловиштето
Членовите на Ловно друштво М.Каменица – Саса ги искористија поволните временски услови за изградба на ловно-технички објект – висока чека, согласно планската ловно-одгледувачка основа и годишната програма за работа.
Од друштвото информираат дека во наредниот период се планирани и други активности, меѓу кои подигање едногодишни и повеќегодишни ремизи и изградба на нови ловно-технички и ловно-стопански објекти.
Од ловното друштво упатуваат лагодарност беше упатена до ловечката група „Драмчање“ за логистичката поддршка.


