Во Виница започнаа градежните работи за пробивање и тампонирање на делови од улиците „Пере Тошев“ и „Вера Ацева“, откако претходно беше извршена експропријација на дел од трасата.

За реализација на проектот се обезбедени 1,5 милиони денари од буџетот на Општина Виница. Работите се дел од инфраструктурните активности насочени кон подобрување на патната мрежа и условите за сообраќај во градот.


