Работна средба на директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов со македонската заедница во Италија
Директорот на Агенција за иселеништво, Горан Ангелов, оствари работна средба со Горан Наумоски, претставник на Управниот одбор на МПЦО Сите Македонски Светители Порденоне во Порденоне.
На средбата се разговараше за тековните активности на црковната општина, како и за работата на новоформираната фолклорна секција „Т’га за југ“, во која членуваат Македонци од регионот Венето.
Директорот Ангелов се заблагодари за посетата и истакна дека институцијата и во иднина ќе продолжи со поддршка на македонската заедница во северниот дел на Италија, која важи за една од најбројните дијаспорски заедници.


