Градоначалникот на Делчево, 2Иван Гоцевски со честитка по повод Рамазан Бајрам
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, упати честитка до сограѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам.
Тој празничното утро го поминал во дружење со граѓаните, упатувајќи им желби за здравје, мир, љубов и благосостојба во нивните домови. Во честитката, Гоцевски нагласи дека празникот носи радост, среќа и заедништво, посакувајќи исполнување на сите желби.
„Нека нашиот соживот биде водилка во нашиот колективен успех“, порача градоначалникот, упатувајќи традиционална честитка: Бајрам Шериф Мубарек Олсун.


