Одржана шестата работилница од проектот „Младински ХАБ – Млади исток“ во Делчево

Делчево, 07. Април 2026 година – Денеска, во Делчево се одржа шестата работилница од проектот „Моја идеја – наша реализација“, во чии рамки учествуваа околу 20 млади лица, како и претставници на невладиниот сектор и институции.
Работилницата се реализираше во Младинскиот центар и ресторан „Палма“, а ја водеше експертот Зоран Биковски, кој одржа обука за социјално претприемништво, развој на бизнис идеи, финансиско управување и пристап до фондови.

Проектот има за цел формирање младински хаб кој ќе обезбеди знаења, менторство и поддршка за развој на социјални претпријатија, а е наменет за млади од Делчево, Македонска Каменица и Виница.
Активноста е дел од проектот „RAISE CSOs“, поддржан од Европската Унија, насочен кон јакнење на капацитетите на младите и граѓанските организации.

