Врнежите од дожд во источниот дел на Македонија, воопшто не го покачија нивото на вода во Калиманско езеро. Имајќи во предвид дека претстои сезона на сеење на ориз и е потребно полнење на нивите со вода, Калиманци дополнително ќе се празни.
Иако најголем дел од Калиманско езеро е на територијата на нашата општина, Македонска Каменица речиси и да нема никаков бенефит од него. За локалните жители од најголемо значење е естетската вредност што ја има езерото, се разбира кога истото е полно. По се изгледа, Калиманци годинава ќе го гледаме празно. Кој е виновен за ваквата состојба?
