Општина Македонска Каменица и фирмата „Пајо Го“ обезбедија бесплатен превоз за навивачите на Саса, за неделниот бараж натпревар за пласман во Втората Македонска фудбалска лига против екипата на Превалец од Велес.
Тргнувањето за Кочани е во недела (4-ти јуни), во 15.30 часот, од училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“. Бараж натпреварот ќе се игра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, а ќе започне во 17.00 часот.
