Со финансиски средства од општинскиот буџет се уредуваат повеќе пристапни улички и патеки до колективните и индивидуалните објекти за домување во централното градско подрачје. Во моментов се работи на пристапна улица до индивидуални објекти за домување на улица „Јаков“, како и на уредувањде на просторот кај Кит Го маркет, на улица „Александар Македонски“.



