Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. УВ=7.
Во Скопје температура до 30 °C.
Поради спуштање на постудена воздушна маса кое ќе започне преку ноќта, појава на нестабилност се очекува уште во ноќните часови. Утре во текот на денот ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните и крајните источни делови. Појава на слаб дожд попладне ќе има и во недела особено на југот.
Засилен северен ветер и посвежо време ќе има до понеделник, а потоа иако ветерот ќе остане северен тој ќе е со послаб интензитет и температурите ќе се во пораст.

