Наместо да се адаптира за настап во квалификациите на Вимблдон, Лина Ѓорческа се соочува со сериозна административна пречка.
Имено, најдобрата македонска тенисерка, нема добиено виза за патување во Англија, а процедурата дополнително ја компликува фактот што нејзиниот пасош е заглавен во Варшава и покрај уредното барање за итна постапка.
Пропаѓаат и авионските билети кои се резервирани за утре, а неизвесно останува не само нејзиното заминување туку и времето за прилагодување на тревната подлога на Грен Слем турнирот во Лондон.
Извор: 24Вести
