69-годишник од Кочани е во болница, откако во неговото комбе удрил воз. Несреќата се случила синоќа околу 19.00 часот на преминот кај селото Соколарци.
За среќа, возачот е само со телесни повреди кои не се опасни по живот, а двајца од тројцата сопатници на возраст од 16-18 години поминале со лесни повреди, додека третиот воопшто не е повреден.
Поради увидот на полицијата, железничкиот сообраќај, Скопје – Кочани, неколку часа беше во прекин.
Сообраќајката од синоќа, уште еднаш потсети на ризичност на железничкиот сообраќај во регионот, на релација Скопје – Кочани:
Возовите од Скопје до Кочани дневно се животно опасни на најмалку девет места. Најголема заканата е во самото Кочани каде пругата минува низ исклучително фреквентен дел од градот, како и во индустрискиот дел од Штип. Трета најризична точка е токму преминот кај Соколарци каде неодамна исто така возот удри во автомобил, а 24-годишниот возач заврши во болница.
Блиска средба луѓе и автомобили со возовите во овој дел од државата имале многу, иако воз одовде минува само двапати во денот.
Најголема несреќа беше онаа од пред две години кога кај Лозово се судрија воз и автобус, а околу 40 лица без повредени.

