Шест лица загинаа во три одделни сообраќахни несреќи што синоќа се случија во источниот регион, во Кочани, Делчево и Виница. Три од жртвите се млади кочанци на возраст меѓу 25 и 30 години кои починаа на лице место во близина на с. Чифлик, при директен судир со автобус. Глетката на местото на несреќата била страотна, а делови од телата буквално биле насекаде по асфалтот, тврдат очевидци. Од останатите двајца сопатници во автомобилот, еден во тешка состојба е префрлен во Скопје,а еден поминал без повреди. Маж навозраст од 70 години и жена од Дечрво се жртви на веримен судир на влезот од градот во кој учествувале 4 возила. Според првичните информации хаосот го предизвикало возило кое со голема брзина се приклучило од спореден пат. Детали за сообраќајната несреќа кај Виница се уште нема, освен што се знае дека во неа животот го загубило едно лице. Полот и возраста засега не се соопштени.
Извор: СтарТВ Штип

