![]()
Вчера во Кратово, ФК Каменица САСА против екипата на ФК Силекс, го одигра првиот пријателски натпревар во подготвителниот период, пред почетокот на новата сезона. САСА е дел од Втората македонска лига и потребата од натпревари со “посилни” екипи е огромна за тимот од Каменица. Натпреварот е шанса плус за докажување помеѓу играчите и нивно “запознавање” на теренот.

Иако натпреварот заврши со 1:0 во корист на домашните со гол постигнат во последната минута од слободен удар, тренерот на “Каменица САСА”, Горан Гоцевски е задоволен од прикажаната игра на своите избраници. Всушност, шанса за докажување на овој подготвителен натпревар добија скоро сите играчи од тимот. Гоцевски најави уште неколку пријателски натпревари кои ќе бидат искористени за комбинирање на составот, воигрување на играчите и комплетирање на тимот по сите позиции на теренот.

