
Avec L’Amour е приказна за Дионис, пензиониран учител по биологија со страст и со сон. Тој поседува над стотина ‘рѓосани стари автомобили, од кои повеќето не ни работат, па секој ден спие покрај нив сонувајќи да ја претворат оваа необична колекција во музеј. Додека сонува за својот преокт опкружен со неговите автомобили во распаѓање, токму во овие купишта на ‘рѓа Дионис успева да ја пронајде радоста на постоењето. Тоа е филм за професор кој е во фаза на пензионирање, неговата жена, неговата страст и желба и неговата фантазија за отворање на музеј во мало гратче во кое ништо не се случува. Звучи како Џоел и Итан Коен да направиле документарец некаде на Балканот, но чекајте, станува уште подобро…
Сега, свесно или несакајќи, Avec L’Amour е сосема поинаков вид на документарен филм, лична, човечка приказна која ги спојува елементите на многу документарни филмови од 90-тите кои беа најмногу прифатени од Академијата – како на пример победниците: In The Shadow Of The Stars од 1991-ва и The Long Way Home од 1997 – кој е за убавината на човечката издржливост.
Дали ова значи дека, речиси триесетина години подоцна Академијата исто така срдечно ќе го “прегрне” Avec L’Amour кој ја раскажува страста на овој човек кон неговите стари автомобили во “од Господ заборавено” Неготино, мал, рурален град во Македонија?

Тешко е да се каже волку рано. Но никогаш не велете никогаш. Прашајте ги Стивен Спилберг и Џеј Лено кои беа забележани на неговата премиера во Торонто уште во април.
“Ве става апсолутно внатре во душата на водечките ликови – не ги дознавате деталите од приказната во позадина на Дионис, ниту пак што планира да направи, само ги следите реакциите на луѓето кои се неговото интимно опкружување, а тоа го прави филмот неверојатно топол, сочувствителен и искрен”, објасни Спилберг на црвениот тепих на HotDocs во Тороното претходно годинава. “Илија и Атанас очигледно сакале филмот да биде експриментален спој на Cinéma vérité (/кино на вистината кое комбинира импровизација со употреба на камера обидувајќи се да ја открие вистината и да ги нагласи предметите скриени зад суровата реалност) и “fly on the wall” стил во кој настаните се гледаат искрено какви што се, како низ призмата на мува која стои на ѕидот и набљудува – во комбинација со лирскиот шарм на повеќето документарци од 90-тите, а истовремено ве држи на нозе цело време неослободувајќи ја публиката од јадицата во која се фатила гледајќи го. Ве поканува да го почувствувате на ист начин на кој Дионис го доживува – како што е, без доволно време да размислувате или да ги анализирате нештата, едноставно само чувствувате…” – објаснува Спилберг.
Сега, неколку месеци подоцна, го контактиравме г. Спилберг преку телефон за да го прашаме што мисли за Avec L’Amour и неговата номинација за Оскар. “Тој е еден од најдобрите документарни филмови кои сум ги изгледал со години наназад” – беше брзиот одговор кој го добивме од Спилберг, “Го знаев тоа истиот момент кога го изгледав и не сум изненаден што е номиниран за Оскар.”

И најверојатно тој е во право – нема сомнеж дека филмот предизвика огромен интерес. Оливер Стоун, кој според кинематограферите веќе добил копија од филмот, вели дека ќе оди на македонски филмски фестивал MakeDocs за неколку дена за да го провери филмот веднаш по Сараевскиот филмски фестивал, каде што тој е добитник оваа година на наградата “Срцето на Сараево“.
“Да, тоа ќе биде одлично, не можам да дочекам да го видам музејот на автомобили на Дионис во Неготино” – беше првото нешто кое ни го кажа Џеј Лено, познатиот ентузијаст на автомобили кога го прашавме дали е точно дека тој ќе го придружува Оливер Стоун на неговото патување во Македонија. “Ги видов ‘рѓосаните автомобили кога го гледавме филмот во Торонто со Стивен (Спилберг) и сум повеќе од возбуден да ги проверам и во живо, се надевам дека ќе можам да купам еден или два од нив.”

Очигледно, Avec L’Amour e среќичката на Македонија. Малиот балкански народ се соочи со многу потешкотии и превирања изминатите децении и овој вид на изложеност нема да направи ништо друго освен што ќе ја подобри егзистенцијата на просперитетната македонска филмска заедница. Ова е трета номинација за Оскар на македонски филм. Првата беше назад во 1980-та за филмот “Дае” на Столе Попов и “Before the Rain” (/Пред Дождот) на Милчо Манчевски.
Уште еден доказ за успехот на Avec L’Amour е Европската премиера на Doc Fest во Минхен, Германија каде што филмот доби најдолги овации во историјата на овој филмски фестивал – луѓето ракоплескаа околу 25 минути според сиректорите на фестивалот. Ова значи дека навистина мора да го гледате Avec L’Amour. Тој е реткост. Вакви филмови се појавуваат еднаш на секои 50-тина години, ако можам така да се изразам.
Пишува Џејсон Витман.
