Тежок инцидент во Кочани. Едно лице е сериозно повредено и во критична состојба задржано на лекување на Клиниките во Скопје.
Него таму го испратил 58-годишен кочанчанец нанесувајќи му неколку убоди со нож по телото. На ова му претходела расправија и тепачка меѓу сега тешко повредениот 37-годишен со иницијали В.А. и 33-годишнен А.Д. , од една страна и 58-годишниот Л.А., од друга.
В.А. и А.Д. со дрвени стапови го удриле Л.А. два пати во пределот на главата, по што тој со нож на В.А. му нанел повеќе убоди во пределот на телото. В.А. бил пренесен во Медицински центар Штип, од каде бил препратен во Клинички центар Скопје, а Л.А. и А.Д. биле приведени во Полициска станица Кочани.
Засега нема повеќе детали околу крвавиот инцидент, а полицијата работи на расчистување на случајот.

