Од недела во Истибања започнува 32. издание на меѓународнииот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“.
- Програмата ќе започне во недела во Истибања со големото оро, кое по звуците на гајдата, тамбурите, кавалите ќе се игра од сите ансамбли од странство и Македонија. Потоа шродолжуваме со големото дефиле низ Истибања, по кое на центарот на селото ќе настапат сите ансамбли со кратко претставување од една до две минути, вели Стојко Митковски, раководител и организатор на фестивалот.

Веднаш по дефилето и ората, фестивалот ќе биде свечено отворен од градоначалникот на Виница, Емил Дончев.

Вечерта ќе се организира македонска национална вечер, каде гостите од другите земји ќе се запознаат со македонската култура и традиција. Истибања за време на фестивалот ќе пречека ансамбли од вкупно 6 држави.

- Од Турција ќе настапи врвниот ансамбл од турската радио телевизија, ансамблот од Словачка, ни доаѓаат од Никшиќ од Црна Гора, потоа ансамблот Абрашиќ од Краљево, група од Констанца од Романија и една група од Бугарија, вели Стојко Митковски, раководител и организатор на фестивалот.
Фестивалот како и секоја година е во организација на ансамблот „Китка“ и под покровителство на Општина Виница.


