Многу разгранета, трнлива, листопадна грмушка, висока од 0,5-3м. Гранките се многубројни, распрени, преплетени и многу трнливи. Кората е мазна и црна по боја. Листовите се прости , долги од 2 – 4 см.
Цветовите се бели, единечни, многу ароматични и многубројни. Цвета во мај – април, а плодот зрее во септември – октомври. Плодовите се берат кога се зрели и можат да се користат и свежи, но препорачливо е да ги користите исушени.
Се чуваат во хартиена амбалажа. Трнинката во себе содржи многу лековити својства, и поради тоа доста е застапена во нашите краеви. Се користи за чај, а од неа се прават многу вкусни сокови, компоти и џемови.
ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА
Чај од цветови на трнинката се користат против зголемена простата и против болести на уринарните патишта. Плодовите се користат при заболување на органите за варење, лекуваат ефикасно проливи, помагаат при воспалување на тенкото црево, ги намалуваат крварењата и воспаленијата, ефикасни се за лекување на хронично воспаление на дебелото црево, и притоа се намалува крварењето, грчевите и болките и се проретчува столицата. Плодовите можат да се користат и во стоматологијата за лекување на болни непца. Бидејќи во себе содржи големо изобилство на витамин Ц и железо, таа е извонреден лек за слабокрвност, анемија и за јакнење на организмот.
