Лектор: Ивана Кузманоска
– Т-клетките се еден вид бели крвни клетки кои се специјализирани за препознавање на клетки заразени од вирус и се суштински дел од имунолошкиот систем – вели Маркус Бугерт, доцент на Центарот за инфективна медицина на Каролинскиот институт и еден од главните автори на истражувањето.
– Напредните анализи сега ни овозможуваат детално да го мапираме одговорот на Т-клетките за време и по заразата со Ковид-19. Нашите резултати укажуваат на тоа дека двојно повеќе луѓе развиле Т-клетки во споредба со оние кај кои можеме да откриеме антитела – додава тој.

Фото: Pixabay
Консултантот Су Алеман и нејзините колеги од клиниката за инфекции на Универзитетската болница ги следела и тестирала пациентите и нивните семејства уште од периодот на заболување.
– Една интересна опсервација беше дека не само што лица со потврден Ковид-19 покажале Т-клетки, туку и многу од нивните изложени асимптоматски членови на семејството. Покрај тоа, 30 отсто од крводарителите што дале крв во мај 2020 година имале Т-клетки специфични за Ковид-19, бројка што е многу поголема од претходните тестови за антитела – вели Алеман.
Одговорот на Т-клетките бил во согласност со мерењата преземени по вакцинацијата со одобрени вакцини за други вируси. Пациентите со тежок Ковид-19 често развиваат силен одговор на Т-клетките и одговор на антитела; кај оние со поблаги симптоми не било секогаш можно да се открие одговор на антителата, но и покрај ова, многумина покажале изразен одговор на Т-клетките.
– Нашите резултати укажуваат на тоа дека јавниот имунитет за Ковид-19 веројатно е значително повисок отколку што посочувале тестовите за антитела – вели професорот Ханс-Густаф Унгрен од Центарот за инфективна медицина од Каролинскиот институт.
– Ако е тоа случајот, секако е добра вест од јавна здравствена перспектива – додава тој.
– Треба да се направат поголеми истражувања и за Т-клетките и за антителата за да се разбере колку е траен имунитетот и како се поврзани овие различни компоненти на имунитетот за Ковид-19 – вели Маркус Бугерт.
Извор: News.ki.se
