Средните училиште во нашата земја започнуваат многу рано со работа. Со оглед на навиките во спиењето на тинејџерите, идеалното време за започнување на часовите би било 11.30 часот наутро. [iframe-popup id=”3″]
Истражувачите од Харвард и Оксфорд велат дека кога децата и тинејџерите би оделе на училиште според биолошкиот часовник, тогаш тие на 10 години би требале да одат на училиште во 8 часот наутро, 16 годишните во 10 до 10.30 часот, а 18 годишните од 11 до 11.30 часот.
Постојат голем број истражувања направени врз основа на спиењето и резултатите и перформансите на училиште, но статијата од Оксфорд и Харвард вели дека училиштата треба да започнат дури и подоцна.
Тинејџерите не се мрзливи – возрасните треба да се прилагодат.
Спиењето е биолошка неопходност, не е мрзеливост. Рагледувајќи ги доказите од истражувањата од целиот свет, истражувачите тврдат дека одењето на училиште подоцна им помага на учениците да научат повеќе, да прават подобри тестови и помалку да бидат намуртени.
Кога државните училишта го поместија започнувањето на часовите од 7.15 на 8.40, на учениците им се допадна промената со што се подобри присуството, постигнувањата, однесувањето и расположението. И родителите покажаа позитивност: 92% рекоја дека им се допадна промената, а родителите изјавија дека било полесно да се живее со децата кога не стануваа толку рано.
Креаторите на политиките и педијатрите постојано потенцираат дека училиштата треба да започнат подоцна. Американската академија на педијатри препорачува дека 8.30 часот е одлично време за започнување со часовите. Истражувачите пак се одлучни – 8.30 часот сепак е прарано за тинејџерите.
преземено: http://www.fakulteti.mk/news/15-09-09/srednite_uchilishta_treba_da_zapochnat_so_nastava_posle_10_chasot_nautro.aspx
