
Изминатиот викенд во скопската гимназија „Орце Николов“ се одржа Националното дебатно првенство 2023. Тим на средношколци од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица под ментроство на Здружението „Надеж – Норе“, за првпат земаа учество на годинешното Националното дебатно првенство.
На Националното првенство учествуваа вкупно 230 млади од целата држава, каде со аргументи и ставови ја бранеа главната теза на турнирот, „Овој Дом би им забранил на сите земји кои кршат човекови права да учествуваат на сите големи меѓународни забавни настани“.

– Од здружението „Наеж – Норе“ устакнаа, дека ова е нивно прво учество на Националното дебатно првенство и дека се задоволни од постигнатиот успех и начинот на кој настапија дебатерите од нашиот средношколски тим. Вложивме огромен труд во изминатите три месеци преку работата и активностите во неделните дебатни форуми организирани во соработка со Средното општинско училиште Миле Јаневски Џингар, – додадоа од „Надеж – Норе“
Натпреварите се одржаа во скопската гимназија „Орце Николов“, каде од вкупно 50 тима, победата ја издвои тимот составен од Борјан Стојковски, Леона Ширкова и Ивона Јуркова. Второто место го освои тимот составен од Јована Јаневска и Ана Антовска. За најдобри говорници на турнирот, меѓу кои Максим Јосевски беше избран за најдобар говорник на турнирот, второто место падна во рацете на Богдан Бањуков, а третото место и припадна на Софија Антова.

– На Националното дебатно првенство учествуваа вкупно 11 средношколци од Македонска Каменица, од кои 9 натпреварувачи и двајца судии на натпреварите во дебатирање. Упатуваме благодарност до нашите учесници за максималната вложеност во натпреварите на Националното првеснтво, како и вложеноста во целиот процес на подготовка. Исто така, сакаме да упатиме благодарност и до Младинскиот образовен форум за одличната огранизација на турнирот и за условите кои ги имаа обезбедено за учесниците на истиот и при нивниот дводневен престој во Скопје, – истакнуваат од „Надеж – Норе“

Од Младинскиот образовен центар, во официјалната објава од фејсбук профилот, упатуваат честитки до победениците на турнирот, најдобрите говорници и секако до сите дебатерски тимови кои земаа учество на годинешново Национално дебатерсо првенство. Со благодарност до партнерите UNHCR-Skopje за довербата, поддршката и што одново ја препознаа важноста на дебатата и критичкото размислување.
Дебатниот форум во Македонска Каменица е во организација од Здружението „Надеж – Норе“ во соработка со СОУ „Миле Јаневски Џингар“.

