Македонска Каменица, 31.01 2024 година – Дури 5 првотимки на ЖФК Каменица САСА се најдоа во составите на младинската и А репрезентацијата на Македонија. Македонската А репрезентација во рамки на квалификацискиот циклус за Европското првенство, на 05. Април во Рига ќе одигра натпревар против Летонија, а веднаш потоа на 09. Април, во Скопје ја пречекува репрезентацијата на Словенија.
Покрај, Елена Паневска и Радица Велкова,, кои се станардни репрезентативки, свој прв повик во составот на Македонија доби и нашата млада сограѓанка Стефанија Маринковска. Таа има 18 години, игра на позицијата десен бек и во составот на ЖФК Каменица САСА од 2017 година. Доказ дека младинската школа на повеќегодишниот шампион на Македонија, продуцира перспективни млади играчи, кои имаат потенцијал за градење на репрезентативна и интернационална кариера.
За Елена Паневска знаеме дека веќе четврта година е една од најдобрите фудбалерки во составот на нашата екипа ЖФК Каменица САСА. Од позиција на штопер и лев бек, со нејзината исклучителна борбеност и брзина, дава силен придонес во играта на одбраната и во нападот. Разбирливо, во репрезентативниот дрес се најде и новото засилување на ЖФК Каменица САСА, Радица Велкова која во Македонска Каменица дојде од струмичка Тиверија. Велкова го засили тимот на позицијата заден везен играч, а игра фудбал од својата 12 година.

Во составот на младинската репрезентација на Македонија до 19 години, се најдоа две фудбалерки на ЖФК Каменица САСА. Станува збор за 17 годишната Ева Адонова од Штип, извонредна шпиц фудбалерка, која веќе втора година живее и се школува во Македонска Каменица. Стефанија Веселинова, веќе трета година, одлично се снаоѓа на позицијата десен бек во составот на ЖФК Каменица САСА. Доаѓа од соседна Виница, а живее и учи во нашиот град.
Македонската А репрезентација во моментов ги игра квалификационите циклуси од Лигата на нации, кои со добрена игра и создадени позитивни резултати, треба да го донесат нашиот прв пласман на Европско првенство. За пласман на Европско првенство игра и младинската репрезентација на Македонија.

Enter
Edited
Eva Andonova 2006 Od Stip, dve godini e clen na Zfk Kamenica, uci i zivee vo M. Kamenica Pozicija krilo – spic Stefanija Veselinova – 2007 Od Vinica, 3 godini clen na Kamenica Sasa, uci i zivee vo M. Kamenica. Pozicija desen bek


