Македонска Каменица, 02. Октомври 2024 година – Во ООУ “Свети Кирил и Методиј” во Македонска Каменица вчера започна проектот “Шах во училиште“. Истиот е одобрен од Бирото за развој на образованието и во државата се спроведува од страна на Шаховската федерација на Македонија и Министерството за образование.

Со гордост Ве известуваме дека проектот “Шах во училиште” пристигна и во ООУ “Свети Кирил и Методиј” во Македонска Каменица, – велат од шаховскиот клуб „Каменица Саса“ од Македонска Каменица, при што додаваат дека „на воведниот настан, од страна на секретарот на Шаховската федерација на Македонија, Марјан Митков беше одржана воведна обука на 15 наставници од каменичкото основно училиште.

На настанот беше присутен Лазо Стаменковски, претседател на ШК “Каменица Саса“ кој е главен иницијатор и организатор на активноста. Од страна на секретарот на Шаховската федерација на Македонија, Марјан Митков беа донирани 6 шаховски сетови кои во име на Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ ги прими диркекторот Виктор Георгиевски


