Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица

На 22 декември 2024 година, 26-та недела по Педесетница, кога православните верници го празнуваат зачнувањето на света Ана и свети Софрониј Кипарски, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена света Литургија.

Богослужбата беше предводена од Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г. Марко. Во текот на Литургијата, по читањето на Светото Евангелие, Епископот одржа богата и инспиративна беседа во која го протолкува денешното Евангелие, споделувајќи духовни поуки и охрабрување за верниот народ.
На крајот од Литургијата, присутните верници се причестија со Божествените Дарови, изразувајќи благодарност и радост од заедничката молитва.

Овој свечен чин беше уште една потврда за потребата и значењето на духовното единство и чувањето на традициите на нашата православна вера во Македонска Каменица.

