27-годишниот играч последната сезона ја мина во дресот на Работнички каде доживеа тешка повреда и беше надвор од терените подолго време.

Нашиот Влатко Стојановски претходно на домашната сцена играше и за екипите на Шкендија, Ренова и Металург, додека во странство беше дел од Сплит, Неретвац, Горица и Дугопоље во Хрватска, Ним и Шабмли во Франција и Септември Софија во соседна Бугарија.
Како што известуваат повеќето спортски медиуми во дежавата, повеќе од сигурно е дека Влатко Стојановски е добредојден во составот на Горазд Михајлов кој се бори за опстанок во ПМФЛ.

