Во дворот на седиштетето на Делчевско – каменичката епархија, манастирот Св. Богородица Балаклија кој се наоѓа на падините под планината Голак на стотина метри од Делчево, во недела на 26. Јануари беа засадени 80 јавори (ACER NEGUNDО).

Повод за оваа акција беа родендените на Миле Ѓорѓијоски, 68 годишен сатиричар и еден од највозрсните членови на ПСК ,,Голак” Делчево кое го славеше 11 роденден и една година од основањето на Делчевско – каменичката епархија.

Организаторите на настанот упатуваат благодарност до сите кои учествуваа во засадувањето и прославата, ПСК ,,Голак” Делчево, младинците од Младинската секција при ПСК ГОЛАК Делчево, Епископот Г. Марко и Свештениците од епархијата, претставници од НВО ,,Жена”, претставници на Природна Перспектива – Делчево, претставници на Локален младински совет Делчево. Исто така, искрена благодарност упатуваат и до спонзорите Миле Ѓорѓијоски, сатиричар и член на ПСК Голак,кој ги донираше дрвцата, НВО ,,Жена”, ,,Извор Комит” и ,,Луна Гив” Делчево.

Настанот беше реализиран по иницијатива на Миле Ѓорѓијоски. Истиот, опфаќа засадување на дрвца во градот Делчево, по повод неговиот роденден. Дрвниот вид, Американски јавор и локацијата беа избрани од дипл.шум.инж. Љупчо Чучуковски- претседател на ПСК Голак Делчево, а одобрението беше дадено од Епископот г. Марко, кој присуствуваше на настанот и лично засади неколку дрвца.

Благодарност до Македонски шуми ,,Голак” Делчево и директорот Буде Стојковски, дипломираните шумарски инженери Тони Ангеловски и до Мира Стојчевска за стручната помош како и обебедениот алат и садници од нивниот шумски расадник.Од ПСК „Голак“ и сатиричарот Миле Ѓорѓијсоки изразуваат надеж дека вакви акции ќе има почесто со што ќе имаме почиста и поздрава животна средина.

