Пишувања од Каменичката парохија
Во продолжение ви пренесуваме текст посветен на историјата и значењето на храмот „Св. Пророк Илија“ во Македонска Каменица.
Црква „Св. Пророк Илија“ – Македонска Каменица
Храмот посветен на Св. Пророк Илија во Македонска Каменица е изграден во 1860 година и повеќе од еден и пол век претставува духовен светилник и свето место за молитва на верниот народ.
Храмот не е фрескописан, а иконите датираат од XIX век. Тој е центар на големата прослава на Илинден – 2 август, кога стотици верници се собираат заедно за да го прослават својот заштитник. Минатата година, во дворот на храмот беше изграден покриен простор, каде што верниците можат да се соберат и да седнат на заедничкиот славски ручек, во духот на љубовта и заедништвото.
Во изминатите години, во близина на храмот беа изградени и два парохиски дома за свештениците, со што уште повеќе се зајакна духовниот живот на парохијата.
Храмот „Св. Илија“ и денес сведочи за верата и љубовта на македонскиот народ кон Бога и кон својот небесен заштитник Св. Пророк Илија – ревнителот и огнениот проповедник на вистината.
Св. Пророче Илија, моли Го Бога за нас!

