Легендарниот босански пејач Халид Бешлиќ почина денес на 72-годишна возраст, пренесуваат босанските медиуми.

Бешлиќ во изминатиот период се лекувал на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (KCUS) поради здравствени проблеми со кои, за жал, не успеал да се избори.
Проблемите започнале пред неколку месеци, кога пејачот почувствувал нарушување на здравствената состојба за време на концерт во Бања Лука, по што бил итно хоспитализиран. Минатиот месец бил префрлен на одделот за онкологија, каде продолжил со лекување.
Неколку недели пред неговата смрт, Халид објави песна посветена на својата сопруга Сејда, која често ја споменуваше како свој најголем животен и професионален ослонец.
Бешлиќ остави зад себе богато музичко наследство и бројни безвременски хитови, со кои стана една од најпрепознатливите легенди на народната музика во регионот.

