ПЛАНИНСКА ТРКА „ГРАТЧЕ ТРЕИЛ 2025“ ВО КОЧАНИ
На 26 октомври 2025 година во Кочани ќе се одржи планинската трка „Гратче Треил 2025“, со старт од Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“ во 10:00 часот.
Патеката долга 19 километри со вкупно искачување од 850 метри минува покрај Езерото Гратче, водопадите на Голема Река и селото Црвена Нива, со две окрепни станици на клучни точки од трасата.

Котизацијата изнесува 800 денари, а секој учесник добива стартен пакет со медал, освежување, брендиран ранец и чорапи.
Регистрациите се отворени до 20 октомври 2025 година преку линкот: Гратче Треил 2025 – trki.mk
