ФА „Осоговски Извор“ од Оризари со две главни награди на МФФ „Есенски плодови“
Фолклорниот ансамбл „Осоговски Извор“ од Оризари беше дел од шестото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Есенски плодови“, кој оваа година се одржа во натпреварувачки карактер.
Жири-комисијата меѓу бројните учесници го издвојува ансамблот од Оризари како најуспешен, доделувајќи му прво место и награда за најдобар оркестар. Со тоа, ансамблот се закити со двете највисоки признанија на фестивалот.
Од ансамблот истакнуваат дека наградите се потврда за нивниот континуиран труд, посветеност и љубов кон фолклорот, додавајќи дека секој настап е резултат на заедничка работа и вежбање.
Честитки за „Осоговски Извор“ од Оризари, достоен претставник на македонската традиција и култура на меѓународната сцена.


