На 31.10.2025 во 23:10 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица извршиле преглед над паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со винички регистарски ознаки, кое го паркирал Д.П.(21), а во возилото биле затекнати Д.К.(20) и 15-годишник, сите тројца од виничко село. Притоа, во возилото биле пронајдени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Со нив е извршен службен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


