Во рамките на постфестивалските активности, денес во ООУ „Славчо Стојменски“ во Виница се одржа Сатирична работилница за деца во организација на Домот на културата „Тошо Арсов“ Виница.

На работилницата учествуваа околу триесет ученици кои се запознаа со начинот на пишување афоризми и епиграми, како и со изработка на илустрации поврзани со нив. Активностите беа насочени кон развивање на креативното и критичкото изразување кај децата.
Учениците имаа можност да научат повеќе за разликите меѓу македонското и другите кирилични писма, а посебен дел од работилницата беше посветен на запознавање со старословенското писмо – глаголицата.

Настанот претставува дел од програмата на Домот на културата „Тошо Арсов“, која има за цел преку вакви едукативни и креативни активности да ја поттикне љубопитноста и љубовта кон писменоста кај најмладите.

