Отворен повик за нови членови во Детското ликовно студио при Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница
Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница објави отворен повик за членови на Детското ликовно студио, наменет за сите млади креативци на возраст од 4 до 18 години.

Како што информира директорката на установата, Александра Дациткова, повикот е одлична можност за сите деца и млади кои сакаат да цртаат, да се дружат и да бидат дел од различни ликовни проекти.
Во рамките на студиото, учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со различни ликовни техники, да ги развиваат своите таленти и да учат преку креативност и забава.
Заинтересираните можат да се пријават и да добијат повеќе информации со посета на просториите на Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница.

