Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани подготви разновидна програма на културни настани што ќе се одржат во текот на месец ноември.
Првиот настан е закажан за 5 ноември 2024 година во 18 часот, кога ќе биде отворена изложба на дела од Ликовната колонија „Ѓуриште 2024“.

Потоа, на 8 ноември во 18 часот, публиката ќе има можност да ја посети изложбата на дела од Меѓународната ликовна колонија „Валандово 2024“.
На 13 ноември, исто така во 18 часот, ќе биде отворена изложба на карикатури од Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас 2024“, што традиционално се одржува во Виница.
Месечната програма ќе заврши на 16 ноември со концерт на Здружението на пензионери – Кочани, кој ќе се одржи во просториите на Центарот за култура.
Со овие настани, НУЦК „Бели Мугри“ уште еднаш го потврдува своето значајно место во културниот живот на Кочани и регионот.


